Ангелов: Мора да сфатиме дека Албанците се наша реалност

од desk2

Дали оваа војна и беше потребна на Македонија или не, праша генералот Стојанче Ангелов, кој денес положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци во „Жена парк“.

Ангелов смета дека тогашната влада на Љубчо Георгиевски и без војна ќе им ги дадеше сите права на Албаниците кои денес ги уживаат, а зад војната останаа стотина мртви од двете страни, разурната економија и еден куп непотребно потрошени пари.

Ние Македонците, рече Ангелов, мора да сфатиме дека Албанците се наша реалност и мора да научиме да живееме со нив. Ако после пет века ропство денес можеме да гледаме во Турците како на пријателски народ, зошто Македонците и Албанците да не живеат нормално.

Ангелов даде поддршка на Законот за јазиците, но е против тој да стои на полициските и медицинските униформи. Очекува после локалните избори да биде направен попис.

Слични содржини