Ангеловски: Фокусирани сме на Израел

од Vladimir Zorba

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски на денешниот брифинг со новинарите изјави дека во пресрет на двата квалификациски дуела, сите мисли на играчите се најпрво насочени кон дуелот со Израел закажан за в четврток.

132851222

– Сега сме фокусирани кон првиот противник Израел. За овој натпревар очекувам добро издание и победа што би значело уште поголем мотив за средбата со Италија. Сепак, Израелците имаат силна репрезентација против која ќе треба да ги искористиме нивни слаби страни за да ја оствариме целта. Радува тоа што сите повикани се здрави и доколку одиграат со максимално залагање ќе може да се надеваме д аги израдуваме нашите навивачи, изјави Ангеловски.

Македонската репрезентација денеска го имаше првиот собир за подготовките за натпреварите од Мундијалските квалификации против Израел на 6 октомври и против Италија три дена подоцна.

Слични содржини