Анѓушев го претстави планот за економски пораст, странците со забелешки

од desk3

Меѓународните претставници имаат низа забелешки на планот за економски раст на Македонија за кој денеска во Владата, вицепремиерот Анѓушев организираше јавна дебата. На планот му недостасуваат информации за тоа како ќе се спречат евентуалните злоупотреби, но и што ќе се преземе за да се врати довербата во државните институции. Исто така странците се скептични околу обезбедувањето на образовен кадар.

„Е фактот што македонските компании и директни странски инвестиции одбиваат, загубата на вербата во институциите и не сакаат да ризикуваат. Ќе биде од клучно значење да се осигура  владеењето на правото и да се осигура  довербата во институциите. Како планирате да вршите мониторинг и евалуација на политиките и програмата, бидејќи претпоставувам веќе сте испланирале одреден износ кој ќе се потроши за субвенциите. “, рече Јоана Бабуску – Британска амбасада.

„Како ова ќе биде имплементирано, бидејќи ќе има потреба од голема администрација  која ќе одлучува за овие многу апликации“, рече  Тања Марковска УСАИД.

„Има механизми кои може да им ги наметнете на компаниите кои не ги почитуваат критериумите, на пример мора да ги чуваат вработените 10 години. Што ако не ги чуваат? Сметам дека тогаш треба да ги вратат средствата, значи има мерки за да се спроведат овие казни“, рече Бојан Шимбов, Светска банка во Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев пак откако ги ислуша критиките и сугестиите, ги повика странските претставници да ги достават до Владата своите забелешки.
Според Анѓушев износот кој што е предвиден за субвенционирање на компаниите е околу 30 милиони евра и овие пари ќе се користат исклучиво за унапредување на економијата.

„Мониторингот на процесот нема да биде едноставен, но ние во Македонија имаме многу агенции, јас мислам дека имаме повеќе агенции од било која друга европска држава. Мислам дека имаме доволно административен кадар“, рече Кочо Анѓушев – воцепремиер за економски прашања.

Со Планот за економски раст е предвидена помош која ќе ја добиваат
и Македонските и странските инвеститори под еднакви и со точно утврдени критериуми.  Ќе се субвенционираат само плати на нововработените кои ќе добијат сума поголема од 18 илјади денари, односно 50 проценти повеќе од минималната плата. Странските инвеститори ќе добијат државна помош, но само ако 10 проценти од потребните материјали за производството ги набават од домашни компании. Помош е предвидена  и за малите и средни домашни фирми, но и за фирми формирани по стечај или ликвидација./24 Вести

Слични содржини