Турција остро ја критикуваше декларацијата усвоена од бугарскиот парламент во која масакрот на 1,5 милиони Ерменци од страна на властите во Отоманската империја во 1915 година беше прогласена за “масовно истребување”. Во соопштението објавено на страницата на турското Министерство за надворешни работи, се вели дека “оваа одлука ќе влијае негативно на турско-бугарските односи”, прeнесе bTV.

Целосен текст:

Донесеното на 24 април од бугарскиот парламент решение во врска со настаните во 1915 година, иницирано од ултранационалистичката, ксенофобична и расистичка партија “Атака”, која исто така е и против евроатлантските вредности, покажува непријателски однос кон Турција. Турција ја отфрла оваа клевета во однос на нејзината историја.

Парламентот на нашиот сосед Бугарија, за жал, беше земен како заложник од екстремистички елементи во него, како се игнорираат хуманитарните и конкретни иницијативи кои Турција ги презема за ова историско прашање.

Без сомнение ова решение ќе се одрази негативно на турско-бугарските односи. Овие ставови беа исто така изразени на бугарскиот амбасадор во Анкара, кој беше поканет во министерството.

Слични содржини