Анкета на ИРИ: Заев е најомилен политичар, само Катица ја сакаат повеќе граѓани

од Vladimir Zorba

Најомилен политички лидер во земјава е Зоран Заев, покажува последната анкета на ИРИ (47). Многу е омилен за 25 одсто од граѓаните, делумно омилен за 26 одсто, делумно неомилен за 15 одсто а неомилен за 25 одсто од граѓаните. На второто место е Никола Груевски. Многу е омилен за 15 одсто, делумно омилен за 17 одсто од граѓаните а неомилен кај 50 одсто. Од него поомилен политички лидер е претседателот Ѓорге Иванов со 21 одсто. Висок рејтинг од 10 одсто ужива Талат Џафери, пред Али Ахмети и Зиадин Села со по 8% и Билал Касами од 6 одсто, но прва на листата на лидерите е Специјалната обвинителка Катица Јанева со 28 одсто.

Политичките партии имаат сличен рејтинг како нивните лидери. (48) СДСМ е многу омилена партија за 22 одсто, делумно омилена за 25 одсто, а ВМРО ДПМНЕ многу омилена за 14 а делумно за 19 одсто. Кај партиите на албанците, најомилена е Алијансата со вкупно 20 одсто, по неа се ДУИ со 15 одсто и БЕСА со 13.

 Пред Локалните избори, дури 69 одсто од граѓаните сметаат дека треба да се промени локалната власт. На прашањето како би гласале ако Локалните избори се одржат денеска, (38) , за кандидатите за градоначалник од СДСМ ќе гласаат 19 одсто од гласачите во земјава, за ВМРО ДПМНЕ 18 одсто, за ДУИ 7%, за Алијансата за албанците 5, за БЕСА 4%, за независен кандидат 7% додека 20 проценти не дале одговор. Слични се резултатите за предложените советнички листи.

Анкетата се осврнува поконкретно на политичкото расположение во Скопје, Ѓорче Петров, Штип, Тетово, Куманово и Охрид. Од работата на градоначалникот Коце Трајановски, кој се обидува да добие трет мандат во главниот град, задоволни се само 34 одсто од граѓаните. (76) Од вкупно 52 одсто кои не се задоволни од неговата работа, 8 одсто посакуваат друг градоначалник од истата партија, 28 одсто се за кандидат од друга партија а 16 одсто се за независен кандидат. Во општина „Ѓорче Петров“, за кандидатот за градоначалник од СДСМ би гласале 30 одсто (90) а за ВМРО ДПМНЕ 26 одсто. Во Штип, (102) за ВМРО ДПМНЕ 23%, а за СДСМ 19%. Во Тетово (114), за ДУИ 19 одсто, за СДСМ 15 за Алијансата 9, за БЕСА 8, а за ВМРО ДПМНЕ 5 одсто.

Анкетата на Меѓународниот републикански институт (1) е правена теренски во периодот од 4 до 21 август годинава на репрезентативен примерок од илјада 105 возрасни испитаници. Предвидена е грешка од плус/минус 3 одсто.

Телма

Слични содржини