Анкета: На Макрон му паѓа популарноста

од desk3

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон е во опаѓање и тоа за десет посто, покажуваат најновите испитувања на јавното мислење, пренесува Reuters.

Анкетата која е објавена вчера покажала дека 54 посто Французи се задоволни од неговата работа, додека само месец порано тој процент бил 64 посто.
Аналитичарите велат дека францускиот претседател имал тешка недела, најмногу поради судирот со поранешниот челник на армијата во врска со штедењето во буџетот на одбраната. Поради тоа, Макрон му наредил на својот премиер да го намали данокот, но и поради реформите во областа на недвижностите, кои предизвикаа критики во јавноста.

Слични содржини