Анкета: Опра би го победила Трамп, но гласачите не поддржуваат нејзина кандидатура

од desk4

Иако Опра Винфри е омилена во САД, гласачите, според анкетата на „Политико”, би сакале да не се кандидира за претседателските избори во САД во 2020 година.

Анкетата покажува дека во овој момент околу 73 отсто од демократите ја претпочитаат Винфри наспроти актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Слична е ситуацијата и меѓу републиканците, дури 76 отсто од испитаниците повеќе ја поддржуваат Опра Винфри од Трамп, пренесува „Политико”.

Што се однесува до испитаниците, кои не поддржуваат ниту една од двете најголеми американски партии, околу 35 отсто ја поддржуваат Винфри, додека 30 отсто се определиле за Трамп.
Околу 30 отсто од испитаниците рекле дека не одлучиле.

Мнозинството од испитаниците, сепак, сметаат дека Винфри не треба да се кандидира за претседател на САД.

Демократите, според „Политико”, ќе поддржат кандидатот кој претходно имал искуство во политиката.

Слични содржини