Анкета: Трамп најлош претседател во последните 70 години

од desk2

Американците на претседателот Трамп му го доделија најлошиот рејтинг за првите шест месеци од мандатот што го добил кој било претседател во последните 70 години, јавува Еј-би-си, кој ја правел анкетата во заедничко истражување со весникот Вашингтон пост.

Во анкетата се нашле прашања во врска со компетентноста на Трамп на светската сцена, неговата ефикасност, републиканскиот план за здравствена заштита и улогата на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.

Се тврди дека само 36 отсто од Американците во анкетата рекле дека ја поддржуваат работата на Трамп, што е за шест отсто помалку од процентот што го имаше за првите 100 дена во Белата куќа, кој сам по себе беше мал.

Најблиску до Трамп по нискиот рејтинг по половина година на функцијата беше американскиот претседател Џералд Форд со 39 отсто поддршка, во февруари 1975 година.

Слични содржини