Раскошниот модел Ешли Греам продолжува да ја гази конкуренцијата на рекламниот пазар. Овој пат таа влезе во улогата на еротска искушувачка во кујната. Таа е гола до половината, а горниот дел ѝе прикриен само од … гевреци.

Дали е еротски настапот, прашање е на вкус, но plus size моделот го брани името на еден од најпознатите плус-сајз модели во моментов.

Провокативниот спот со нејзиното месење на гради и гевреци е поставено во Instagram од модниот уредник Џилијан Дејвисон кој пишал: “Сакам дваесет леба”.

Ешли Греам никогаш не криела дека си го сака телото и продолжува да биде предводник на жените кои се чувствуваат добро во својата кожа, без разлика дали вагата тешко ги издржува.