Антиизраелско движење: Нападот во Барселона се случи, бидејќи европските влади ги кршaт човековите права

од Vladimir Zorba

Каталонскиат гранка на “Глобалното движење за бојкот, дивестиции и санкции против Израел” (БДС) изјави дека европските влади се “одговорни” за нападот во Барселона, пишува The Times of Israel.

“Ние ја осудуваме одговорноста на европските влада за она што тие го прават во надворешната и внатрешната политика, како и учеството во кршењето на човековите права во целиот свет”, се вели во соопштението на БДС.
“Не забораваме дека жртвите на воените окупации, војните и тероризмот во Авганистан, Ирак, Палестина, Либан, Либија, Сирија, Јемен, Тунис, Египет, Мароко, Мали, Нигерија, Брегот на Слонова Коска, Буркина Фасо и многу други места каде што тоа што се случи вчера во Барселона, е секојдневие “, тврдат од антиизраелското и антиционистко движење.

БДС е движење со меѓународна пропалестинска и антиизраелски организација. Движењето БСС е поддржано од некои екстремни и зелени европски партии и политичари

Слични содржини