Ермира Асани Салија да биде нов член на ДИК зелено светло денеска даде и собраниската комисија за прашања на изборите и именувања. Откако договор за тоа постигнаа партиите во законодавниот денеска и претседателот на собраниската комисија Илија Димовски јавно му се заблагодари на Бедредин Ибраими за досегашниот ангажман и како што рече коректната соработка. Сепак членовите на комисијата тврдат дека со назначувањето на новиот член од БЕСА автоматски му престанува мандатот на Ибраими во ДИК.

 

„Да се заблагодариме на досегашниот ангажман на Бедрадин Ибраими, кој поминал на повеќе фунции и активен на политичката сцена од 90-тите години, не е од овиемодерните борци за албанските права. Тој е основоположник на борбата за правата на Албанците во Македонија.“ – изјави Илија Димовски.

Антикорупциската комисија пак денеска веќе го одби како неоснован приговорот на Бедредин Ибраими кој минатата недела јавно порача дека ќе ги брани своите права со сите правни лекови. Тој тврдеше дека со јавниот оглас за нов член на ДИК е прекршен Изборниот законик. А антикорупционерите пак во своето образложување наведуваат дека:

„Упатеното барање за мислење од страна на Ибраими до ДКСК е преурането бидејќи се уште нема настапено повреда на членот 8-а. Антикорупциската комисија нема надлежност да дава толкување на законските прописи и нивна меѓусебна усогласеност“ – се вели во објаснувањето.

Известителот по овој предмет, членот на ДКСК Горан Миленков, пак дообразложува дека:

„Се работи за едно рационално право на политичките партии да го определуваат персоналниот состав на членовите на ДИК кој е изразено преку одредбите на Изборниот законик. И тука нема никаква повреда од страна на Собранието. Постои измени и дополнувања со кои тоа е уредено и засега никаде не наидовме на податок дека подносителот е разрешен или дека му е ускратено некое негово право.“

Измените во Изборниот законик подносителите во Собранието ги образложија со тоа што Беса е четврта партија според бројот на пратеници во законодавниот дом и дека членовите на ДИК треба да го одразуваат реалниот број и распоред онаков каков што е и во Парламентот./24Вести

Слични содржини