Актерот Антонио Бандерас ја претстави својата прва колекција облека. Линијата, која е основана во соработка со Нордиска марка “Selected”, е за есенската сезона и вклучува три дела – винтиџ облека, фармерки и костуми. 4843445Бандерас, кој во моментов изучува мода во лондонското училиште “Сент Мартин”, вели дека колекцијата во голема мера го претставува него и неговиот стил.

“Наутро носам фармерки – нешто удобно, со маица, патики и можеби кожна јакна. Ако имам средба сакам да сум малку елегантен, па облекувам панталони од ткаенина. Палто ставам кога сум на состанок со продуценти или коктел. Вечерно време, треба да сум на црвениот тепих и сакам да сум во смокинг или црн костум “, раскажува Антонио.

Во својата прва колекција силно застапена боја е морското сино, што ја симболизира родната на актерот Шпанија. Тој го користи при јакни и горна облека. Модната линија од 30 артикли исто така вклучува палто од волна, панталони, фармерки, кошули и кашмирни џемпери.

Слични содржини