Антонио Бандерас “секогаш ќе ја сака” Мелани Грифит. Тоа го призна самиот Шпанец во едно неодамнешно интервју за светско списание.4523897

Двајцата уметници се разделија во 2014 по 20-годишен брак, но според Бандерас засекогаш ќе останат пријатели и ќе си мислат добро еден на друг.

“Се надевам дека ќе останеме пријатели засекогаш. Зборуваме на секои неколку дена и сум среќен што не сме како оние парови во кои луѓето стануваат огорчени и лути откако нивниот брак е готов. Не гледам причина за тоа “, изјави Бандерас. „Многу подобро е да се сеќаваме и ги цениме сите убави и среќни моменти, на кои заедно сме уживале, додаде Шпанецот.

“Мелани е жена која сум ја сакал, уште ја сакам и секогаш ќе ја сакам”, решително изјави Бандерас. Во моментов тој излегува со финансискиот консултант Никол Кимпел со која е “многу среќен”. Двајцата се сретнале додека актерот уште бил оженет за Мелани Грифит, но според него немале романтични односи пред разводот. “Штом ги потпишав документите со Никол почнавме да се среќаваме, што ме направи многу среќен”, ја откри хронологијата Бандерас.

Слични содржини