Скопскиот Апелациски суд  денеска  ќе одлучува за притворот на Сеад Кочан , првоосомничен во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, а по жалба на неговиот адвокат Никола Додевски, попознат како адвокатот на лидерот Никола Груевски.

Апелација ќе одлучува по  решението на Кривичниот суд од минатиот четврток со кое на Сеад Кочан му беше одреден 30-дневен притвор , како управителот на компанијата „Трансмет“, по што истиот избега и не е достапен за полицијата.

Според повеќе медиуми тој се дал во бегство во моментот кога дознале дека Кривичниот суд ќе го прифати барањето на СЈО за притвор. Се тврди дека граничниот премин, тој го преминал  легално пред да биде издадена потерница од МВР и Интерпол за негово приведување .

Неговиот адвокат Никола Додевски тврди дека тој е на службен пат, без да прецизира каде, а во меѓувреме , му успеа мерејќи минути и секунди, да издејствува  да заседава Апелацискиот суд и експресно да му одговори по неговата жалба, иако за многу предмети и одговори од истиот суд  се чека и по три месеци.

СЈО побара денешата седница која ќе се оддржи точно напладне да биде јавна и тврдат дека имаат подготвено аргументирана жалба, која судот нема да може да ја побие.

СЈО на 25 февруари отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), од кој се здобиле со  противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра.

Покрај Кочан, осомничен е и Василије Авировиќ, синот на пратеничкаѕа Владанка Авировиќ од партијата наЉубисав Иванов Ѕинго , а за него СЈО побара  и доби само мерки на претпазливост – Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Со оглед на  тоа што во овој предмет се инволвирани многу повеќе луѓе и компании, и можноста истрагата да биде проширена, за очекување е дека Апелација  денеска ќе го одбие барањето за укинуување на мерката притвор и дека органите на прогонот ќе успеат да го изнесат пред суд обвинетиот Сеад Кочан.

Слични содржини