Апелација ги објави одлуките за притвор, странките имаат право на жалба пред Врховниот суд

од desk2

Апелациониот суд утрово ги објави одлуките со коишто на дел од обвинетите во случаите на Специјалното јавно обвинителство им беше определен притвор, а на дел од нив им се потврдени мерките за претпазливост, односно поголем дел од нив останаа без пасоши.

Странките во постапката имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решението до Врховниот суд.

Според одлуките кои беа соопштени вчера, притвор им е одреден на поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, поранешниот функционер во УБК сега директор на меѓународниот центар СЕЛЕК во Романија Тони Јакимовски и Никола Бошковски исто така дел од Управата.

Првите притвори се одредени за случаи поврзани со прислушувањето, а во одлуките е образложено зошто Апелационите судии сметале дека Грујевски, Јакимовски и Бошковски може да бегаат.

Без пасош остана поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, уредниците од Телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска, поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски и други обвинети за случаите на СЈО.

Во случајот со Мијалков судот зел во предвид дека неговиот работен ангажман е надвор од Македонија, односно во Чешка, а неовите егзистенцијални релации биле надвор од Македонија.

Денеска во Апелација се очекува да се одржат јавни седници за случаите „Топлик“ и „ТНТ“./24 Вести

Слични содржини