Апелација и натаму пред разрешница на мерките за претпазливоста за обвинетите од СЈО

од Vladimir Zorba

„Притвор или пасош“ се дилемите на судиите од Апелацискиот суд кои денеска на пет седници ќе ги разгледуваат жалбите на обвинетите и на Специјалното јавно обвинителство за изречените мерки на претпазливост на Кривичниот суд по обвиненијата поднесени од СЈО.

Во текот на викендот, Апелација ги потврди одлуките за одземањето на пасошот на новинарката Ивона Талевска, обвинета за даночно затајување и на обвинетите алфи во МВР, обвинети во случајот „Тортура“, за апсењето на Љубе Бошкоски. Во судот еднаш неделно мора да се јавуваат: Ивица Антевски Пуки, Новица Станковски Јован Боцевски и Петар Милошевски, бидејќи одлуката на Апелација е конечна.

За денеска како што беше најавено  се очекува  објавување на другите одлуки по жалбите кои веќе се разгледани   Меѓу нив се жалбите на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, кои се обвинети во случајот „Траекторија“. Тие бараат Апелација да им ги врати пасошите, а СЈО бара притвор за Пешевски , а за  Георгиевски да остане без патната исправа.

За враќање на пасошите, покренаа жалба и поранешниот помошник министер во Министерството за внатрешни работи, Ѓоко Поповски обвинет во предметот „Триста“ и главниот и одговорен уредник на весникот Вечер и Тв СИТЕЛ Драган Павловиќ Латас за даночно затајување во предметот „Тотал“.Пред Апелација се и обжалените од СЈО  одлуките на Кривичниот совет за обвинетите во предметот „Титаник“, односно за поранешниот премиер Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

Се очекува и во текот на целата недела, Кривичниот совет на скопска Апелација да одржува седници, бидејќи се пристигнати жалби на одлуките на Кривичен и од обвинетите и од СЈО.

Слични содржини