Апелација на нови пет јавни седници ќе одлучува за пасошите и притворите на обвинети од СЈО

од desk2

Кривичниот совет на Апелациониот суд на пет последователни јавни седници, денеска ќе одлучува по жалбите на обвинетите и на СЈО за решенијата на понискиот суд.

Судот ги објави одлуките за притворите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, со назнака дека мерката притвор мора да се изврши веднаш, по правосилноста на решението.

Пред судиите на Апелациониот суд се очекува да се појават обвинетите во случаите „Тендери“ и „Топлик“, а следните денови и за најкрупниот случај во кој е обвинето речиси целото потесно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и лидерот на партијата, Никола Груевски./Макфакс

Слични содржини