Апелација расправа дали „бомбите“ ќе бидат докази за „Титаник“

од desk2

Апелациониот суд Скопје денеска на јавна седница ќе расправа дали прислушуваните разговори ќе бидат докази во судската постапка за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Апелација расправа по жалба, откако Кривичниот суд на 20 октомври годинава ги отфрли „бомбите“ како доказ за „Титаник“.

Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности, а обвинети се поранешни функционери меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Слични содржини