Апелација решава за притворите на Груевски, Јанкулоска, Јанакиески

од Vladimir Zorba
Апелациониот суд денеска ќе ја донесе одлуката дали поранешниот премиер Никола Груевски и неговите партиски соработници Јанакиески, Јакулоска, Божиновски и Протуѓер ќе одат во притвор како што бара СЈО или ќе им бидат вратени пасошите, потвдуваат од Судот за ТВ24.
Сепак поради техничките можности на судскиот портал содржината на одлуките најверојатно ќе биде позната утре.
Додека се чекаат одлуките дали ќе има нови притвори, од СЈО информираат дека уште во петокот до Врховниот суд доставиле одговор на жалбите на обвинетите во „Тврдина Таргет“ Грујевски, Јакимовски и Бошковски за кои Апелација определи притвор.
Сепак, чекањето од дома највисокиот суд да пресече дали обвинетите за незаконското прислушување и уништување на системите за следење на комуникациите ќе одат во Шутка според правниците е нововоспоставена пракса што покажува двојни аршини на судовите кон СЈО.
„Ние секогаш сме биле против мерката притвор, зошто е најтешка  и најважните работи се ограничуваат со истата. Секогаш мора да споредуваме со она што било претходно. Секогаш мерката притвор веднаш стапувала на сила. Ова е првпат и создава едно чувство на продолжување на работењето на судот во оној принцип дека СЈо има специјален третман, додека ОЈО има друг.“ – вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.
Според Давидовиќ во иднина ќе мора да се реши проблемот на невоедначена судска пракса поради која имаме дијаметрално спротивни одлуки на Судовите за исти предмети.
„Она што посебно иритира е таков дијапазон на одлучување меѓу судиите на Основниот и Апелациониот суд. Едните како да не го читаат истиот предмет, бидејќи, покрај основите за притвор , таму стои во законот дека има и други работи кои се ценат во врска со мерката притвор, па законодавецот предвидел дека и за предвидената казна влијае на истото. Тоа ќе мора да подлежи на ревизија на судството“ – вели Давидовиќ.
Утре во Апелација продолжува разгледувањето на жалбите за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска и уште две лица. За неа и за второобвинетиот СЈО бараше притвор додека за третообвинетиот мерки – пасош и јавување во судот. Кривичниот суд на сите им ги одзеде пасошите поради што и СЈО и Канческа Милевска ја обжалија ваквата одлука. СЈО и понатаму бара притвор, а поранешната министерка си го бара пасошот назад. /ТВ24

Слични содржини