Апелација треба да се изјасни за жалбите за „Титаник“

од Vladimir Zorba

  Апелацискиот суд денеска треба да ги објави решенијата по жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности.

За обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешните министри за транспорт и врски Мили Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, на јавните седници во Апелацискиот суд во петокот, СЈО побара притвор како мерка за обезбедување присуство.

Специјалното јавно обвинителство смета дека обвинетите можат да избегаат и да влијаат на сведоци или на други обвинети. Овинетите, пак, се изјаснија дека не се виновни, дека немаат намера да бегаат и побараа укинување на мерките за претпазливост.

Апелацискиот суд досега ги одби сите поднесени жалби на решенијата на Кривичниот суд во врска со предметите на СЈО.

Слични содржини