Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на Грујовски и на Бошкоски

од desk2

Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и на неговиот колега од УБК, Никола Бошкоски, од Грција во Македонија, пишуваат грчките медиуми.

Груевски и Бошкоски, според истите извори, денеска треба да бидат изведени пред суд во Солун, во врска со употребата на лажните (бугарски) пасоши со кои се обиделе да отпатуваат од солунскиот аеродром.

Двајцата бегалци, по кои македонските власти имаат распишано потреница преку Интерпол, вчера биле изведени пред јавен обвинител во Солун, каде биле информирани за обвинувањата за кои се товарат од македонските правосудни органи.

Како што пренесува весникот „Та неа“, Груевски и Бошкоски ги отфрлиле обвинувата и навеле дека не сакаат да бидат екстрадирани во земјава бидејќи се плашат за своите животи и дека против нив се води политички прогон.

Според информацијата што вчера стигнала до Министерството за правда од Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун, Грујовски и Бошкоски биле уапсени во средата, околу 15 часот, кога при пасошка контрола на аеродромот во Солун било утврдено дека имаат фалсификувани бугарски пасоши, а потоа и дека за нив е распишана меѓународна потерница од Интерпол по барање на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи потврди дека вчера добило известување од Интерпол – Атина за апсењето на Грујовски и Бошкоски, кое веднаш било испратено до Министерството за правда, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција.

Грујовски и Бошкоски веќе три месеци се во бегство за да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, поради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема./Meta

Слични содржини