Со новата верзија на iOS, Apple почнува да собира уште повеќе податоци, но само од корисниците кои ќе ја дадат својата дозвола. Никој нема да има обврска да го прави тоа, ако не сака тоа, соопштува интернет изданието Re / Code.

zx450y250_2783970

Со iOS 10 Apple ќе собира повеќе информации за да го надоградува гласовниот асистент Siri. Тој ќе може да запамети повеќе детали за корисникот со цел да му дава подобри првични предлози и да му дава попрецизни и конкретни одговори. Првично Apple ќе собира релативно малку информации – нови зборови емотикони, линкови.

Постепено, сепак системот ќе може да ги анализира дури и записите на корисникот, неговите контакти, настани и состаноци. Сето тоа ќе се користи за креирање на кориснички и прецизен личен асистент. Покрај тоа, податоците ќе помогнат за дополнителна обука на вештачка интелигенција на Apple.

Со цел да не оди против она што го зборуваше толку време, Apple нема да ги обврзува корисниците да споделуваат податоци, ако не сакаат. Досега компанијата не собираше такви информации. Таа ќе почне да го прави со iOS 10, но само за корисниците кои експлицитно ќе го дадат своето одобрение и ќе ја активираат опцијата.

Покрај тоа Apple прецизира дека таа не ги користи сликите на корисниците, за да го обучува својот систем за препознавање на објекти и лица во сликите. Компанијата сака да се најде и задржи баланс меѓу анализите на податоци и зачувување на приватноста на корисниците и смета дека со новиот пристап тоа може да се постигне тоа.

Слични содржини