surveillance3

Долниот дом на аргентинскиот Конгрес усвои одлука за расформирање на разузнавачкиот секретаријат и воспоставување на нова федерална агенција која ќе биде под контрола на конгресот.

Предлогот до Конгресот го достави претседателката на Аргентина, Кристина Фернандер де Кирхнер, по смртта на специјалниот истражител Алберт Нисман. Таа побара да се формира нова разузнавачка служба, која ќе биде транспарентна.

– Мораме тајната служба да ја направиме транспарентна бидејќи не служеше на интересите на земјата, посочи Кихнер пред еден месец,, најавувајќи го својот предлог.

Специјалниот истражител Нисман работеше на истрагата за нападот врз еврејскиот центар во Буенос Аирес во 1994 година, во кој беа убиени 85 лица. Тој ја обвини аргентинската претседателка дека се обидела да ја запре истрагата против осомничените Иранци. Обвинителот е убиен пред да своите обвинувања да ги изнесе во Парламентот.

Кихнер ги отфрли обвинувањата, а Владата наведе дека скандалот е поврзан со борбата за власт во разузнавачките служби.

Слични содржини