Археолози открија докази дека Исус Христос ја претворил водата во вино

од Vladimir Zorba

Израелски археолози открија во близина на античкиот град Кана Галилејска работилница за изработка на големи ритуални садови за вода, за кои се зборува во библиските приказна за претворање на водата во вино, пишува весникот. “Џерузалем пост”.

Во Евангелието според Јован се вели дека едно од првите чуда, извршени од Исус на свадба во Кана, било претворањето на водата во вино, бидејќи виното за гозбаата било пир крај. Тогаш Исус рече: “Земи шест камени тегли”, кои беа по 39,3 литри.

Долго време научниците се сомневаат дека толку големи садови биле користени од Евреите во 1 век. Се покажало дека се направени од варовник, а не од керамички како и другите прибори за домаќинство.

Причината за изборот на материјал очигледно била религиозна, бидејќи според древнитео еврејски ритуални сфаќања керамиката лесно станувала нечиста и требало да биде уништена”, објаснува раководителот на ископувањата доктор Јонатан Адлер, доцент од Ариелскиот универзитет во Израел.

Варовникот не се сметал за ритуално нечист материјал, па затоа бил широко користен. За изненадување на научниците работилницата е во Галилеја, иако порано слични објекти се откривани главно во Ерусалим. Научниците, исто така, откриле вештачка пештера во која древните занаетчии добиле материјал за садовите. Во пештерата се пронајдени многу алатки и за правење тегли.

Слични содржини