Археолозите изразија загриженост дека откако с еограби музејот во ирачкиот град Мосул, џихадистите од “Исламска држава” ќе започнат со систематско уништување на културни локалитети во териториите контролирани од нив.

0589859001424688996_459453_600x458_actualno

Особено загрозени се античките градови Хатра, дел од светското културно наследство на УНЕСКО, и Нимруд. И двата града се наоѓаат јужно од Мосул, кој од јуни минатата година е главната база на џихадистите во Ирак.

“Тоа не е крајот на приказната и меѓународната заедница треба да интервенира”, изјави Абделамир Хамдан, ирачки археолог во њујоршкиот универзитет “Стони Брук”.

Вчера ИД објави видео клип како нејзините борци со чекани демолираат антички статуи во музејот во Мосул. згора на тоа се гледа како џихадисти уништуваат колосална асирска статуа на крилат бик кај портата Нергал во големиот археолошки резерват, кој се наоѓа во градот, со пневматски чекан.

“Тие рекле на чуварите дека ќе го уништат и Нимруд. Ова е една од најважните асирски престолнини, таму има релјефи и статуи на крилести бикови. Тоа ќе биде вистинска катастрофа. Освен тоа можеби тие ќе го нападнат и разурнат и Хатра, кој е на многу изолирано место во пустината “, изјави тој за АФП во телефонски разговор од САД.

Хатра е објект во листата на УНЕСКО, која се наоѓа во територија, контролирана од ИД, на околу 100 км. јужно од Мосул.

“Остатоците од градот, особено храмовите, каде елинистическата и римската архитектура се мешаат со источниот стил, сведочат за величието на оваа цивилизација”, информираат од УНЕСКО.

“Се плашам дека тие подготвуваат уште разурнувања. Тие можат да сторат сè, можат да стигнат до храмовите во Хатра и да кажат дека се пагански и да ги минираат. Кој ќе ги запре?”, изјави Ихсан Фетхи, ирачки архитект и специјалист по културното наследство кој живее во Јордан.

Фетхи додаде дека ИДминирала и џамија од 12-ти во., бидејќи “во неа имало гроб”.

Според усвоеното од џихадистите крајно толкување на исламот, статуите, идолите и светилишта се материјално расипуваат на чистата рана муслиманска вера и значат признавање на различни од Аллах објекти на почитување.

Сепак нивните ставови се маргинални, и повеќето свештеници, дури и оние кои проповедаат строг ислам, тврдат дека во деновите на пророкот имало идоли и тие се дел од културното наследство.

Слични содржини