Арифи: Има лаги, има големи лаги и има лаги на Диме Спасов

од Vladimir Zorba

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Лажго лажго (Игран филм со Диме Спасов)

Има лаги, има големи лаги и има лаги на Диме Спасов. На човекот му беа потребни шест дена да поверува во сопствената лага, да научи напамет невозможно сценарио и да се охрабри да излезе пред јавноста за да ја каже неговата “вистина”.
img_0723-452x437
Да ги погледнеме најпрвин неспорните факти. Господинот Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика заедно со неговата сопатничка биле излезени во доцните вечерни часови со службено возило на Агенцијата за вработување. Прво прашање, што бара човек низ град во полноќните часови со службено возило во нешто што јасно изгледа дека била приватна работа на излегување и забавување?! Никој не кажува дека младиот заменик министер не може да се забавува, иако кога си јавно лице и за тоа има ред како и каде се прави, но сепак, тоа да се прави со службено возило и истото да се вози во наводно алкохолизирана состојба претставува тешка злоупотреба на неговата положба. Второ, се случуваат две сообраќајки во кои младиот господин не застанува туку продолжува да се движи и кога на крај сепак бил сопрен, истиот го напушта местото на настанот, бега од полицијата, оставајќи ја сама својата сопатничка, што освен што е човечки неприфатливо однесување, се коси и со кривичната одговорност како што ќе се објасни понатаму. Трето, во нејзината прва изјава сопатничката јасно кажува дека со возилото управувал Спасов и дека никој не ги следел, барем не на таков драматичен начин како тоа го опишуваше подоцна самиот Спасов. Четврто, на местото на настанот се појавува шоферот на младиот господин кој широкоградо ја презема вината и тврди дека возел тој, меѓутоа, не знае да кажува што точно се случило и лесно се утврдува дека всушност дава лажен исказ.

Овие се непобитните факти кои се утврдиле таа ноќ и за што постојат и официјални записници. Истите факти не се демантираат ни од страна на самиот Спасов на кого како што кажав му требаше малку подолго време да се отрезни и да ја научи неубедливата верзија за случајот со која после излезе на планиран исповед да одговори на досега најсилното новинарско прашање поставено за оваа работа: “Кој и зошто ве намести?”. Многу “силно” интервју, навистина бесконкурентно интервју на наместениот Диме Спасов, во кое тој зборуваше за некаков неверојатен научно-фантастичен акционен филм во кој тој како главен протагонист е следен од криминалци од кои тој бега и пред кои не знае како да постапува бидејќи “никогаш немал работа со криминалци” (ова ми е најсмешно од целата негова изјава, бидејќи како што се гледа, злосторничкото и мафијашко здружение на кое Спасов припаѓа, очигледно за него не е криминално). Притоа, новинарката пропушта да му ги постави најсуштинските прашања, од типот: Зошто бегавте од полицијата ако се чувствувавте загрозен од некакви “криминалци”? Зошто ја оставивте сопатничката сама? Ако навистина бегавте од некакви криминалци, дали знаете дека оставањето на блиското лице во нивните раце исто така опфаќа кривична одговорност, бидејќи постои нешто во кривичното право што се вика “нужна помош” и предвидува дека на лице кое е противправно нападнато должни сме да му укажеме помош? И тоа не е само работа на џентлменство туку и обврска за секое лице. Понатаму, новинарката не постави прашање ниту за првичниот исказ на сопатничката, ниту пак за причината зошто шоферот на Спасов се појавил да даде лажен исказ. Ептен јако истражувачко новинарство, нема што. Сите овие непобитни факти не добија место на ексклузивното интервју на кое главниот акцент беше ставен на “криминалците” Албанци кои бесмислено и бесповодного следеле невиниот млад дечко дополнителен заменик министер и сакале да го убијат, онака за ќеф. Во меѓувреме, во друга телевизија се појавуваат ексклузивни снимки од УБК од безбедносните камери кои би требало да го докажуваат тоа што младиот заменик министер го кажуваше во ексклузивното интервју. Многу е нејасно како тие снимки се појавија во една телевизија кога знаеме колку е тешко да се зема било каква информација од УБК и кога постојат судски наредби за тоа. Истотака, многу е интересно како тие безбедносни камери функционирале беспрекорно за овој случај а не функционирале во други контроверзни случаи како што се убиствата на Мартин Нешковски и Никола Младенов или убиствата кај Смилковското езеро. Како тоа камерите така селективно работат а одредени снимки за кои уште и се тврди од самото МВР дека се монтирани се појавуваат како такви по телевизии поврзани со владејачката партија?!/Нова.ТВ

Целосна колумна линк тука

Слични содржини