Арифи: Не смеат обвиненијата да завршат само за учество во толпа или насилство

од Vladimir Zorba

 Настаните во Собранието не смеат да завршат само со обвиненија за кривичните дела- учество во толпа или насилство. Според универзатетската професорка Беса Арифи, бројните снимки од настаните во Собранието од четвртокот покажуваат и редица потешки дела.

„Така да, имавме директен напад врз неколку пратеници, кој може да се квалификува како обид за нивно убиство бидејќи беше јасно тоа што се случи. Значи, учество во толпа не го исклучува и извршувањето на други кривични дела како што е обидот за убиство, но и другите кривични дела каде сето тоа што се случи може да се карактеризира како насилна форма на промена на правниот поредок на земјата, бидејќи на таков начин се обиде да се спречи трансферот на власта и именувањето на новиот спикер од парламентарното мнозинство. Ова влегува во рамките на кривичното дело велепредавство. Исто така, од целото тероризирање ова може да се поврзе со кривичното дело тероризам.“ – изјави Беса Арифи- универзитетски професор во изјавата за Алсат-М.

Според Арифи, од снимките е јасно видливо дека зад настаните постои сериозна организација. Така, истрагата не смее да застане само кај тепачите.

„ Исто така на одоворност треба да се повикаат организаторите. Но, ако има показатели дека е нарачано кривично дело, треба да се повикаат на одговорност и нарачателите, затоа ова бара сериозна и сеопфатна истрага.“ – додава Арифи

Истрагата, според Арифи, не би била комплетна и без серизно преиспитување на работата на полицијата и полицајците кои не беа на висина на службените задачи. Тој елемент, смета таа, треба да се истражува независно од внатрешната контрола која си ја работи МВР. Само деталното истражување на сите овие елементи може на крај да ја уверат јавноста дека надлежните на крај ќе го расчистат случај.

Слични содржини