Со прес конференција за слободата на универзитетите, студентите од Архитектонскиот факултет при УКИМ од Скопје попладнево прогласија автономија, отворајќи Автономна зона и на својот факултет.

– Пред една недела започна прогласувањето на автономија на Филозофскиот и Филолошкиот факултетот, никој не беше херој, туку сите заедно бевме херои – велат пленумците од Архитектонск.

Студентите од пленумот на своите колеги и пред новинарите кажаа дека се приклучуваат на Автономната зона бидејќи се скептични на „омекнувањето“ од страна на Владата.

– Се сеќавате ли на изјавата на премиерот „Не знам зошто протестираат, нивна работа нека протестираат“ – велат од Пленумот и нагласуваат дека на Македонската телевизија се уште се вртат рекламите за тоа колку е добар државниот испит.

Тие потсетуваат на почетоците, на студентските маршови кога провладините медиуми го занемаруваа нивното постоење, а Владата беше глува на нивните барања и истакнуваат дека гласот на студентите е нивната храброст.

– Автономната зона трае за да докажеме дека студентите можат да имаат квалитетно образование без мешање на државата – велат пленумци.

Студентите на Архитектонскиот факултет ги поканија своите колеги од другите факултети да влезат и заедно да прогласат автономија./+Инфо

Слични содржини