Арнолд Шварценегер: Ќе се кандидирав за претседател, ако можев

од desk3

Арнолд Шварценегер откри во едно интервју дека e требало да се кандидира за претседател, ако му било дозволено, соопшти “Ас”. “Ако бев роден во Америка, би се кандидирал. Зошто сега? Бидејќи сега е совршено време да се вклучам во трката”, изјави 69-годишната ѕвезда, родена во Австрија.

image_5832968_126

Според Уставот, само човек кој е роден во САД може да се кандидира за претседател. Поранешниот гувернер на Калифорнија би се вклучи во изборите кон републиканците, позиција која во моментов ја зазема Доналд Трамп. “За првпат откако сум американски државјанин, нема да гласам за кандидат од Републиканската партија. Јас сум горд републиканец уште од преселувањето во Америка во 1968 година, но и покрај тоа јас прво сум Американец. Со ова сакам да го потсетам секој републиканец дека е негова обврска да ја избере земјата пред партијата “. Претходно овој месец, Шварценегер не пропушти да ги изрази своите чувства кон Трамп преку оваа публикација во инстаграм.

Слични содржини