Арсенал со пресврт стигна до победата и финалето на ФА купот

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Арсенал изборија пласман во финалето на ФА купот откако со пресврт по продолжение го победија Манчестер Сити со 2:1 во полуфиналето. Во регулраниот дел дуелот заврши 1:1.

Манчестер Сити поведе со голот на Серхио Кун Агуеро во 62.минута. Арсенал изедначи преку Начо Монреал во 71.минута, а голот за победа и пласман во финалето го постигна Алексис Санчез во 101.минута.

На вчера одиграното полуфинале Челзи го совлада Тотенхем со 4:2.

Во финалето на 27.мај на „Вембли“ Арсенал ќе игра против Челзи.

Слични содржини