Реал Мадрид очигледно не само што не ја изгубиле надежта дека ќе го привлечат Давид Де Геа, но веќе го има поставено и датумот на кој ќе ги претстави голманот. Денот е вторник, веднаш по затворањето на трансфер прозорецот, тврди Мадридскиот АS.

638-397-david-de-hea

Манчестер Јунајтед сака 40 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, додека во Реал не се подготвени да платат таква компензација за голманот, чиј договор со “црвените ѓаволи” истекува по една година.

“Кралскиот клуб” останува цврст во својата понуда, која е 25 милиони евра, но Јунајтед сеуште чека последна понуда од Реал.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал го извади Де Геа од првиот состав и го испрати да тренира со младинците. Сега Давид Де Геа ги гледа натпреварите на првиот тим од трибините.

Слични содржини