Асад: Земјите од поранешна Југославија секогаш сме ги сметале за наши пријатели

од desk2

Претседателот на Сирија Башар ал Асад изјави дека граѓаните на Сирија, земјите од поранешна Југославија „секогаш ги сметале за свои пријатели“.

Тој истакна дека не знае колку џихадисти и терористи од Балканот се борат во Сирија.

Во интервјуто за хрватскиот „Вечерњи лист“ Асад наведе дека можно е Сирија да ги обнови дипломатските и економските односи со Хрватска, нагласувајќи дека Загреб има бројни интереси во Дамаск.

Тој додаде дека се зависи од политичката насоченост на актуелните Влади.

– Ако постоеле грешки во политиката, особено оние што ги направија претходните Влади, многу е лесно за идните влади или за моменталните да бидат обновени тие односи. Ние, во целата наша историја откако се започнати односите меѓу нас и Хрватска сега, а поранешна Југославија претходно, никогаш не сме направиле непријателски чекор кон тие земји. Секогаш сме ги сметале за пријатели, нагласи Асад и запраша какво оправдување има хрватската Влада за пратката на оружје на терористите во Сирија, што ќе биде користено за убивање на невини Сиријци.

– Мислам дека нема оправдување за тоа и се надеваме дека сегашната Влада не го прифаќа тоа, потенцираше сирискиот претседател.

На прашањето: дали постои голем број на џихадисти и терористи од Баканот во Сирија, тој објасни дека нема точни информации поради Турција, што го поддржува зголемувањето на присуството на терористи во Сирија.

Слични содржини