Асанж е подготвен да оди во САД, само ако неговите права се загарантирани

од Vladimir Zorba

Основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж најави дека е подготвен да оди во САД, за да се соочи со обвиненијата.

Основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж најави дека е подготвен да оди во САД, за да се соочи со обвиненијата за ширење на доверливи информации, само ако “неговите права се загарантирани”, соопштија од сајтот.

“Асанж сака  да дојде во САД, ако е сигурнен дека сите негови права се загарантирани”, посочи “Викиликс” на својата страница на “Твитер”. Соопштението доаѓа откако претходнао  вчера  американски претседател на заминување Барак Обама најави дека  му  простува поголем дел од пресудата на изворот на “Викиликс” Челзи Менинг, која наместо 35 години ќе лежи во затвор само четири месеци.

Минатата недела Асанж изјави дека ќе остапи од азилот од амбасадата на Еквадор  во Лондон, каде што е од 2012 година, ако САД се согласат да го ослободат Менинг. Вашингтон не се откажува од заканите да го тужи Асанж поради објавените од неговиот сајт во 2010 година тајни документи, иако досега нема официјално упатени обвиненија. Еден од адвокатите на Асанж – Мелинда Тејлор, изјави за АФП дека се уште немаат потврда за неговиот статус пред американските власти. “Американските адвокати на Џулијан постојано  го прашуваа Министерството за правда за одговор  по статусот на Асанж и би сакале тие да го направат тоа со објава по  завршувањето на истрагата “, изјави таа. / АФП

Слични содржини