Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска изјави дека минатонеделниот американски разузнавачки извештај за руското хакирање е политички мотивиран и дека на јавноста не и дал докази оти руските хакери и доставиле на Викиликс хакирани материјали. 

Одговарајќи преку интернет на прес конференција во амбасадата на Еквадор во Лондон  Асанж го повтори неговото тврдење дека Викиликс не добила хакирани мајлови од руската Влада.

Асанж не даде никакво навестување за изворите на документите на Викиликс, па нејасно е дали тие на Викиликс и ги доставиле руски претставници.

Основачот на Викиликс денеска одговараше на прашањата во врска со американскиот разузнавачки извештај каде се тврди дека Русија спровела кампања со цел да влијае врз изборите во САД во корист на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Во американскиот извештај се наведува дека руската разузнавачка агенција на Викиликс му ги дала украдените мејлови од Демократскиот национален комитет, а потоа од таму биле изнесени во јавност.

Асанж, исто така, денеска ја обвини и администрацијата во заминување на претседателот Барак Обама дека уништува сопствени податоци.

Слични содржини