Асанж ќе замине во САД само доколку му бидат загарантирани неговите права

од Vladimir Zorba

Основачот на веб страницата „Викиликс“, Џулијан Асанж е подготвен да замине во Соединетите Американски Држави и да се соочи со обвиненијата против него, но само доколку му бидат загарантирани неговите права, соопшти Викиликс преку социјалната мрежа Твитер.

Ова е објавено откако претседателот на САД во заминување, Барак Обама донесе одлука за помилување или намалување на казните на повеќе од 200 затвореници, меѓе кои и транссексуалниот војник Челси Менинг, кој е главниот информатор на Викиликс.

Таа беше осудена на 35 години затвор поради шпионажа.

Менинг би требало да излезе од затвор во мај годинава.

Слични содржини