Не треба Македонија да попушти на притисокот на Србија и да го менува правилникот за брашното, сметаат дел од земјоделците. Според Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци, проблемот го прават неколку фирми кои сакаат да го заобиколат законот и околу 10.000 тони брашно, од вкупно 40 без анализи за квалитет, директно ги пуштаат во промет, јавува 24 Вести

„Проблем со брашното нема. Некои фирми го злоупотребуваат правилникот. Увезуваат брашно од Србија и директно го пуштаат во малопродажба и по пекарите, без да ги почекаат резултатите од анализите за квалитет. Тоа се компании кои на некој начин беа привилегирани, тие се бунат и прават неред на пазарот во Македонија. Сите сериозни фирми кои увезуваат околу 30 000 тони немаат никакви проблеми.“ – изјави Евтим Шаклев, Асоцијација на земјоделци.

Проблем со брашното нема. Некои фирми го злоупотребуваат правилникот. Увезуваат брашно од Србија и директно го пуштаат во малопродажба и по пекарите, без да ги почекаат резултатите од анализите за квалитет. Тоа се компании кои на некој начин беа привилегирани, тие се бунат и прават неред на пазарот во Македонија. Сите сериозни фирми, истакна Шаклев, кои увезуваат околу 30.000 тони, немаат никакви проблеми. Нивното брашно е складирано во магацините по пропис, и како што предвидува законот, се додека не ги добијат анализите за квалитет.

Шаклев повика имаињата на привелигираните фирми да ги каже царинската управа или другите институции кои го контролираат квалитетот на брашното.

Проблемот со брашното повторно се актуелизира откако српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, преку српските медиуми се закани, дека ќе воведе бариери за македонските производи ако до 14 април не се најде трајно решение за спорните контролни маркички. Љајиќ смета дека проблемот со брашното го прават тројца македонски мелничари.

Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски, Македонија само почнала да го спроведува правилникот кој со години не се почитувал, а во кој по ново е сменет само редоследот на активности за да не се избегнува контролата.

„Поединци од Македонија, сметам дека со дописите коишто ги праќаат во Србија, вештачки го создаваат овој проблем. Некои на кои не им одговара дасе работи така како што е пропишано по самите правилници. Некои кои можеби го изигрувале самиот правилник којшто бил на сила.“ – изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделството.

Николовски вели дека засега останува одлуката за брашното од еден, три и пет килограми маркичките да се лепат во Србија, а за останатите поголеми пратки во Македонија. Не е исклучена можноста во следните 30 дена, заедничкиот комитед да се договори, Македонија и трајно да ги укине контролните маркичките за увозното брашно./24 вести

Слични содржини