Астон Вила го сака Анри за менаџер

од desk4

Легендата на Арсенал, Тиери Анри, е потенцијален кандидат за заменик на менаџерот на Астон Вила, Стив Брус, објавија англиските медиуми.

Во петокот, египетскиот милијардер Насеф Сауирис го купи од Кинезот Тони Циа контролниот пакет акции на потресениот од финансиски проблеми клуб и смета да направи промени во спортско-техничкиот штаб.

На почетокот на оваа недела, Анри ја напушти својата работа како аналитичар на „Скај Спортс“, за да може да ја продолжи кариерата во тренерската професија. Тој во моментов е асистент на Роберто Мартинез во белгискиот национален тим, кој е рангиран на третото место на Светското првенство во Русија.

Слични содржини