Астролозите со мрачна прогноза за Велики петок: Денеска е ден на интриги и измами

од Vladimir Zorba

Месечината е во Скорпија до 13:28 часот. Опасен период. Во тоа време се зголемуваат тензиите, емоционалната нестабилност. Внатрешната агресивност кај луѓето е подготвена да се вклучи во секое време. Така барем велат астролозите. Еве уште од прогнозата:

Можно е дури и заборавени навреди да избувнат со нова сила. Луѓето изгледаат своеволно, се опсипуваме од негативни чувства и негативни емоции. Затоа треба секој да се стреми кон трпение и попустливост кон човечките слабости, по можност да не навредува и да не се навредува.

Најпогодени се половите органи, аналните доводи и правото црево. Особено да бидат внимателни бремените жени. Се зголемува опасноста од спонтан абортус. Да се минимизира физичкото оптоварување.

Од 07:19 до 13:28 часот. Месечината ќе се движи по празен курс. Ништо важно не правете, освен вообичаените работи, додека не помине овој период.

Во 13:28 часот Месечината поминува во знак Стрелец. Ранливи стануваат колковите.

18-ти лунарниот ден кој трае до 23:12 часот. – Енергијата на овој ден го прави човекот пасивен. Се зголемува опасноста од паѓање под туѓо влијание, желба да се имитираат другите и да се следат туѓи мисли.

Овој ден може да стане ден на измами и интриги. Луѓето и без да сакаат можат да се заблудат од другите. Се препорачува да се погледне отстрана и објективно да се оцени, да се следиме за своите лоши дела и мисли, да се откажеме од суета, егоизам и илузии. Се што случува во овој ден се јавува како огледален одраз на нашата внатрешна суштина, она што сме го поминале во својот живот.

Контраиндикаторно е препивањето, пушењето. Се препорачува гладување, чистење на кожата, сауна, масажи, третмани за подмладување. Да се обрне внимание на бубрезите. Во овој лунен ден тие се ослабени. Со сите дијагнози и третмани треба да се внимава. Се препорачува помалку часови спиење.

Односи – 18-ти лунарниот ден може да стане многу тежок период за вашите семејни односи. Сите ќе се во лошо расположение на духот. Поради оваа причина треба да се пројави максимум спокојство и тактичност, за да не се прошират проблемите. Секој човек сега се соочува со својата “темна” страна и на малкумина тоа ќе им се допадне. Пожелно е секој член на семејството да се уедини и помалку да се комуницира.

Секс – Сексот во 18-ти лунарниот ден може да биде мирен, бавен и не толку активен. Идеален ќе биде не толку сексуалниот чин, колку еротска масажа во комбинација со орален секс. Предиграта на телата не треба да се рефлектира во огледало или во друга огледална површина. Се смета дека во таков случај душите на љубовниците ќе бидат киднапирани од демонот на разврат.

Купувања – може да се купат само огледала и ништо повеќе.

Соновите во 18-ти лунарниот ден таат непресушен извор за нас самите. На толкувањето на соништата треба да се посвети посебно внимание. Симболите на соништата се јавуваат како огледало кое ги одразува нашите длабоки стремежи и желби.

Слични содржини