Аталанта во последните секунди се спаси од пораз против Јувентус

од Vladimir Zorba

Првиот дуел од 34 коло на Серија А помеѓу Аталанта и Јувентус заврши нерешено 2: 2.

Домаќините поведоа со голот на Андреа Конте во крајот на првото полувреме, а гостите израмнија  малку по паузата, кога играчот на тимот од Бергамо Леонардо Спинадзола си постигна автогол со глава. “Старата дама” успеа да поведе во 83-тата минута со прецизен удар на Дани Алвес, но Аталанта дојде до реми со гол на Ремо Фројлер секунди пред крајот на регуларното време. Јувентус е лидер на табелата со комфорна предност од девет поени од вториот Рома, кој утре го пречекува Лацио во римското дерби од кругот. Аталанта е на петтата позиција со шест поени повеќе од шестиот Милан.

Слични содржини