На денешен ден во во Скопје, врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат со експлозија на автомобил-бомба, во центарот на Скопје.

атт

Врз првиот македонски претседател,Киро Глигоров на 3 октомври 1995 веднаш по осамостојувањето на Македонија беше  извршен атентат во кој тој беше повреден, од шрапнелите на автомобилот бомба во главата.Атаентатот е извршен во моментот кога тој се двиѓел по вообичаената рута на патот кон својот работен кабинет сместен во зградата на Собранието на РМ. Благодарение на брзата интервенција на неговото обезбедување  тој веднаш е префрлен во градската болница, а потоа пренесен во клиничкиот центар,каде по операцијата на главата го преживеа атентатот.kiro-atentat (1)

На самото место загина неговиот возач Александар Спировски. Повредени беа претседателскиот придружник и телохранител Илчо Теовски, случајните минувачи Христо Христоманов, Климе Коробар и Јован Атанасовски, а беше направена и голема материјална штета.atenta10

Истрагата години потоа не ги најде ниту извршителот, ниту нарачателите на атентатот. Кружеа повеќе верзии за вмешани нарачатели и извршители,од мафијашки групи, силни регионални политички интереси до мултинационални компании во содесјтво со домашни инспиратори. Како и да е едно беше сигурно тоа беше НЕУСПЕШЕН атак не врз личноста на Киро Глигоров туку врз независноста и самосотојноста на Република  Македонија. Исто така тоа беше неуспех за тогашните криминални структури кои сакаа на овој начин да ја превземат контролата врз државата и да  си обезбедат свој контролиран од криминалните структури простор ,покриен со институците и свое позиционирање во .врвот на државата.atent0

ат

Слични содржини