Атентатот врз Глигоров,можен атентат врз Мило Ѓукановиќ и Белград- има ли заеднички именител?

од Vladimir Zorba

Никогаш не ја истражија српската врска  во атентатот на Глигоров, иако имаше конкретнио   сомнение за вклученост на пораншни воено- безбедносни структури од Србија и Македонија- Белград одбиваше соработка !

podgorica1

Премиерот на Србија Александар Вучиќ, по состанокот на Бирото за координација на службите за безбедност, изјави дека на територијата на Србија биле подготвувани нелегални активности во Црна Гора. Тој прецизира дека во Србија биле задржани лица под сомневање дека го следеле премиерот на Црна Гора Мила Ѓукановиќ.

„Имаме цврсти материјални докази, конфискувавме и 125 илјади евра, униформи и други работи. Оној што мисли дека Србија на некаков начин ќе учествува во некакво злосторство многу се лаже“, изјави премиерот Вучиќ.

Тој додаде дека во заговорот бил вклучен и еден пензиониран генерал кој не го именува. Тие наводно планирале напади врз црногорски државни иснтитуции и функционери.

Оваа изненадувачка изјава на Вучиќ следеше откако во Црна Гора на денот на парламентарните избори на 16 овој месец беа уапсени 20 српски државјани.vuchik

Тие се обвинети за тероризам. Како водач на групата е осомничен и поранешниот командант на Жандармеријата на Србија Братислав Дикиќ. Тогаш Вучиќ изјави дека бил чуден тајмингот на ова акција во Црна Гора.

„Немаме никакви податоци за тоа. Министерот на полицијата на Србија ме информира. Првин секако станува збор за човек кој е пензионер. Чуден ми е денот кога тоа се случува“!

Синоќа Вучиќ соопшти дека неговата влада привела нови осомничени во врска со тој случај и оти тие секојдневно го следеле премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, ова е носечката информација која ја пренесоа сите поголеми медиуми во  Европа

Атенторите на Глигоров ли ..?

Вучиќ додаде дека во аферата не биле вовлечени политичари ниту од Србија, ниту од Црна Гора, туку дека станува збор за криминални организации.Пред изборите Ѓукановиќ за новинската агенција Ројтерс изјави дека Русија ја финансирала опозицијата со цел да го попречи членството на Црна Гора во НАТО.

sobranie pratenicki prasanja,pavle trajanov so skrsteni race vo sobranie

За тоа кој би можел да стои зад овој атетнат го прашавеме поранешниот министер за внатрени работи Павле Трајанов за тоа дали може да постои некаква врска со овие подготовки за атентат на Мило Ѓукановиќ, со времето кога на Македонија во еден исто така исклучителен момент на целосно раздвојување од Југославија и Белград  му се случи атентат на претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Тој за Локално мк вели;

За атентатот врз претседателот Киро Глигоров, истрагата сеушете не е затворена, а во тој период се истражуваше т.н „Братиславска врска“, и повеќе истраги насочени кон мултинационалната компанија „МУЛТИГРУП“. Српската врска не беше истражена, поради одбивања од страна на Белград.

Во првите моменти на атентатот на репортерите кои го покриваа овој  настан,  на самото место на настанот  додека уште чадеше бомбата, од луѓе кои беа на увид на атентатот , беше протната информација дека две лица во костими  и со долги бради со рено 19 избегале накај бугарска граница.

Инаку во Црна гора  Демократска партија на Ѓукановиќ ,освои 36 места во парламентот во кој има 81 пратеник и сега е во преговори за формирање коалиција.Според посматрачите, изборните резултати главно ја рефлектираа волјата на гласачите во земјата , а тоа  значи целосно приближување кон НАТО и ЕУ.milo

Вучиќ синоќа се пожали дека во неговата земја се забележани засилени активности на странски разузнавачки служби „и од запад и од исток“. Наводно биле забележани случаи на давање безбедносни материјали од страна на српски разузнавачи на странски амбасади, но Вучиќ одби да даде детали.

Ад

Слични содржини