Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис ги отфрли категорично тврдењата на весникот “Фајненшл тајмс” дека неговата земја подготвува резервни планови за евентуално “кастрење” на депозити, пренесоа агенциите.

варуфакис

Авторитетен британски весник напиша синоќа дека е можно Грција да заплени 30 проценти од депозитите во износ од над 8000 евра.

Варуфакис побрза да ја окарактеризира на Твитер оваа публикација како “злонамерен гласина”.

Претседателот на Здружението на грчките банки Лука Кацели истотака го отфрли тврдењата на “Фајненшл тајмс” како “целосно неосновано” и е “во сферата на фантазиите”.

“Таквите сценарија нема во ниедна грчка банка, дури и во теорија”, увери Кацели.

Слични содржини