Обвинувања за иредентизам од страна на официјална Атина за македонскиот конзулат во Торотно Јовица Палашевски денеска осамнаа на официјалната страна на грчкото Министерство за надворешни работи. Велат Македонија го прекршила договорот од 1995 со кој гарантираше дека нема територијални претензии, бидејќи како што се наведува во соопштението конзулот се појавил на настан на кој имало карта од Македонија во која биле вклучени и територии од сегашна Грција.

„Го осудуваме учеството на генералниот конзул на ПЈРМ, Јовица Палашевски во иридентистички настан, кој е последователен прекршок од страна на Скопје, на спогодбата меѓу двете земји, кое укажува на воздржување од секое дејство, придружено од територијални претензии“.Откажувањето од иредентизмот, почитта на државните граници и усогласување, во пракса, со принципите на добрососедство се потребни услови за реализацијата на ПЈРМ и нејзините евро-атлантски аспирации“, се наведува во реакцијата.

Од македонското МНР денеска реагираат:
„МНР работи на случајот, се уште собираме детали за тоа што точно се случило, во текот на претстојните денови ќе излеземе со официјално соопштение. МНР останува посветено на евроинтегративните процеси на земјата и градењето на добрососедски односи“.

Реакцијата од официјална Атина пак доаѓа во период кога официјална посета на Македнија треба да оствари и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас./24 Вести

Слични содржини