Атина со обвинувања за иредентизам

од Vladimir Zorba

Обвинувања за иредентизам од страна на официјална Атина за македонскиот конзулат во Торотно Јовица Палашевски денеска осамнаа на официјалната страна на грчкото Министерство за надворешни работи. Велат Македонија го прекршила договорот од 1995 со кој гарантираше дека нема територијални претензии, бидејќи како што се наведува во соопштението конзулот се појавил на настан на кој имало карта од  Македонија во која биле вклучени и територии од сегашна Грција.

„Го осудуваме учеството на генералниот конзул на ПЈРМ, Јовица Палашевски во иридентистички настан,  кој е последователен прекршок од страна на Скопје, на спогодбата меѓу двете земји, кое укажува на воздржување од секое дејство, придружено од територијални претензии“.Откажувањето од иредентизмот, почитта на државните граници и усогласување, во пракса, со принципите на добрососедство се потребни услови за реализацијата на ПЈРМ и нејзините евро-атлантски аспирации“, се наведува во реакцијата.

До затворањето на прилогот од МНР не добивме став по однос на оваа реакција. Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров пак деновиве е во официјална посета на скандинавските земји каде како што соопштија од министерството тој ја пренел пораката за подготвеноста на земјата за влез во ЕУ и НАТО.

Реакцијата од официјална Атина пак доаѓа во период  кога официјална посета на Македнија треба да оствари и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас./извор ТВ24

 

Слични содржини