Атлетико Мадрид не успеа да ја запише првата победа во новата сезона од Примера, откако синоќа во второто коло одигра нерешено без голови, а противник му беше Легањес, уште еден тим кој е нов член во лигата.
За разлика од Атлетико, градскиот ривал Реал Мадрид има максимален учинок на стартот, бидејќи синоќа беше поуспешен од Селта.
Резултати на шесте завршени натпревари од 2.коло во Шпанското фудбалско првенство:
Бетис – Депортиво Ла Коруња 0:0,
Еспањол – Малага 2:2,
Еибар – Валенсија 1:0,
Осасуна – Реал Сосиедад 0:2,
Реал Мадрид – Селта Виго 2:1 и
Легањес – Атлетико Мадрид 0:0.
Втората рунда од Примера ќе биде затворена денес со натпреварите:
Алавес – Спортинг Хихон
Лас Палмас – Гранада,
Атлетик Билбао – Барселона и
Севиља – Виљареал.
Лидер е Реал Мадрид со 6 бода, пред Депортиво и Легањес кои имаат по 4/МИА