Audi ја покажа караванската верзија на новиот А6

од desk2

Љубителите на караваните не мораа да чекаат долго за Avant, откако Audi ја покажа лимузинската изведба на новата генерација на А6.

Караваните на Audi стануваат се поатрактивни од генерација во генерација. Исто како и лимузинската изведба, така и Avant е „накрцан” со технологија. Вниманието го привлекуваат трите големи екрани – инструмент таблата со големина на дијагонала од 12,3 инчи, како и двата помали мултимедијално-управувачки преку кои се контролира сè останато, вклучувајќи го и Bang & Olufsen аудио системот со 19 звучници.

Тука се и HD Matrix LED светлата, опционалното управување на сите четири тркала, спортското и адаптивно воздушно подвозје и полуавтономниот систем за возачка асистенција со пет радари, 12 ултрасонични сензори, ласер и пет камери.

Податоците за механизацијата уште не се објавени, како и информациите за цената и датумот на почетокот на продажбата.

Слични содржини