Audi S8 пристигнува кон крајот на оваа година

од desk2

Најмоќниот модел од сите седани на Audi, моделот S8, неколкупати досега беше фотографиран за време на тестирањата, а Auto Bild пишува дека овој модел ќе биде фокусиран на перформансите и ќе биде претставен некаде кон крајот на годината.

Како и кај претходните изведби на овој модел, и новиот S8 ќе добие суптилен спортски боди кит и четири завршетоци на издувните цевки. Поголемите плочки сигнализираат дека се работи за помоќни кочници, но многумина нема да можат да направат разлика помеѓу новиот S8 и неговиот претходник.

Auto Bild не ја отпишува можноста дека автомобилот би можел да користи 2,9-литарски битурбо V6 мотор, но многу поголеми се шансите да биде произведен со 4,0-литарски V8 мотор со два турбополначи. Тој мотор би требало да има многу заеднички компоненти со моторот на Porsche Panamera Turbo, а се очекува да развива повеќе од 500 коњски сили.

Подоцна би требало да се појави и E-Tron верзија и повеќе ќе се фокусира на перформансите отколку на економичноста. Се шпекулира дека ќе биде со електричен погон кој всушност ќе биде адаптирана верзија на оној од Panamera Turbo S E-Hybrid, а тоа ќе значи дека ќе развива повеќе од 600 коњски сили.

Што се однесува до моделот RS8, тешко е дека овој автомобил ќе продолжи да се произведува бидејќи за Audi Sport е поважен развојот на SUV возила отколку на возила со ознаката RS.

Audi S8 ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Париз, а се очекува дека почетокот на продажбата ќе почне на самиот крај или на почетокот на следната година.

Слични содржини