Денеска ќе презентираме дел од доказите што ќе потврдат кој следел и прислушувал во Република Македонија и како го правел тоа, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција. Материјалите што денеска ќе ги споделиме со јавноста во Македонија, додаде тој, ќе го потврдат она што го говориме од самиот почеток. Податоците за нелегалното прислушување потекнуваат од постојниот систем за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Опозиционерите објавија снимки меѓу Емил Стојменов и Сашо Мијалков од кои може да се чуе како се договара нечие местење и се зборува за нечие “утепување”.

mijalkov_kanal5
12. Разговор помеѓу Емил Стојменов и Сашо Мијалков

СМ: Кажи ми ти, се виде со брат ти?
ЕМ: Да, да, да, да.
СМ: И?
ЕМ: Да, сега проверуваме. Веќе имаме сумља на тој еден што би можело да го прави сето тоа.
СМ: Значи не е упознат со оваа работа?
ЕМ: Не, не, не. Нема појма, ништ не знае апсолутно. Паднат е у несвест.
СМ: Добро. Него види, како сега тоа да се канализира, уствари тој да не дознае сега, значи.
ЕМ: Нема, нема.
СМ: А кога ќе дојдат овие, да бидат упатени на правото место.
ЕМ: Е па тоа. Сега знаеш што, правото место за да го најдеме, ако кажеме само тоа е местото и ако кажеме одете само таму да не посумљаат, ме разбираш. Пошто…
СМ: Како?
ЕМ: Викам, ако е местото таму какво што е. И во самото тоа место има некоја просторија, така. Ако кажеме дека само таа просторија е слобдона, да не посумља некој. Треба да кажеме точно во која просторија и како би било тоа. И до вечер ќе ги дознаеме смените, ќе ги видиме и листите, ќе дознаеме све. И утре има, тој што го сумљаме дека ги прави тие работи, на втора смена утре, од 8 саат. И од 8 саат ќе има нешто празно, и сега да направиме тука намештаљка.
СМ: Аха.
ЕМ: Разбираш?
СМ: Добро.
ЕМ: Ама ќе ти се јавам јас, да дадеш некои со кој-како…
СМ: Што значи вие сега не му викате, да му ја скинете главата има време, да му ја скинете за некој ден.
ЕМ: Не бе не, тој не е битен. Тој ќе го утепаме на крај.
СМ: На крај, тоа е лесна работа.
ЕМ: Битно е ова што го зборевме. Да, тоа е лесна работа. Тој не ни е на нас битен.
СМ: Да.
ЕМ: Битно ни е ова, како да дознаеме…
СМ: Е па ти ако можеш, види вака. Ако се сомневаш на него, дај ми кој е тој, име и телефонски број негов.
ЕМ: Добро. Е одлично.
СМ: Сигурно имате вие тоа.
ЕМ: Да, да, да.
СМ: Е па дај ми.
ЕМ: Ќе го соберам и ќе ти пратам на СМС, добро?
СМ: Ајде, ај, прати ми.
ЕМ: Ајде. Ѕирни го ова на мејлот, молим те.
СМ: Ќе го ѕирнам. Ајде.
ЕМ: Ајде, чао.

Слични содржини