Аукцијата заврши: Германското село продадено за 140.000 евра

од desk2

Селото Алвин во германската покраина Бранденбург е продадено во саботата на аукцијата во Берлин за 140.000 евра.

Како што пренесува „Билд“, селото го купил анонимен купец, кој преку телефонски пат ја понудил единствената понуда за ова место, кое се наоѓа во шума.

Во село со 15 жители на 16.000 квадрати, се наоѓаат девет станбени објекти и повеќе помошни објекти, како и десет шупи и гаражи.

Алвин се наоѓа 100 километри јужно од Берлин.

Во селото нема продавници, а единствената автобуска линија се наоѓа во близина и поминува покрај населбата еднаш без застанување.

Алвин во времето на Германската Демократска Република и припаѓал на фабрика за брикети, која била затворена после обединувањето.

Населбата во 2001 година ја купиле двајца браќа, од кои во меѓувреме едниот починал.

https://www.youtube.com/watch?v=X9m9p433rGM

Слични содржини