АВМУ: Никој не побарал, ниту сме одобриле промена на сопсвеништвото на 1ТВ

од Vladimir Zorba

По информациите дека инвеститор од Холандија преку пензионерот Богдан Дамјановски станува нов сопственик на 1ТВ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми известува дека никој не побарал промена на сопственичката структура на телевизијата.

„Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, радиодифузер, вклучувајќи ја и 1ТВ, не смее да направи промена на сопственичка структура пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата. Воедно, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена. Досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена промена на сопственичката структура на 1 ТВ“, велат од АВМУ.

Од таму додаваат дека тие почнале низа активности со цел да утврдат дали телевизијата ги исполнува условите и обврските утврдени во Законот и во дозволата за телевизиско емитување.

„Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија“, соопштуваат од АВМУ.

Слични содржини